| четврток, 6 декември 2018 |

Маж со секира ја убил сопругата

Синоќа околу полноќ маж од Врапчиште ја убил својата сопругата со секира, и потоа се предал во полициска станицa Гостивар.

Убиството се случило во семејната куќа, а според неофицијалните информации, мотив се нерасчистени семејни односи.

Осомничениот Г. А. (1966) е приведен и задржан во полициска станица. Во текот на денот се очекува да му биде поднесена кривична пријава и да се реши дали ќе му биде одреден притвор.

Според првичните неофицијални и се уште непотврдени информации, жртва е Елизабета, родена 1971 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top