Полиција уапси маж откако тој на својот профил на „Фејсбук“ споделил видео на кое се гледа како го тера своето дете да пуши цигари и да пие алкохол. Снимката е поставена на профилот на корисникот Даниел Теку од Романија, кој ги прашал луѓето да ги идентификуваат двајцата возрасни луѓе на снимката.
Шокантната снимка покажува Романец на кој малечкото момче му седи во скут и се смее. Другиот човек сето тоа го снимал, а двајцата го терале детето да пуши.
Еден од нив става цигара во устата на детето. Потоа му дава да испие голтка пиво пред да повлече уште еден дим. Едниот од нив му вели на момчето: „Тоа е тоа што го прави вистинскиот маж“.
Луѓето што се вклучени во целиот овој настан сѐ уште не се идентификувани, но се верува дека инцидентот се случил во Шпанија, каде е регистриран голем број на доселеници од Романија што се или на биро или работат за мали пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.