| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ќе испраќа војска на границата, фрлен солзавец врз деца

slovenija

Словенечката влада во текот на ноќта предложила амандман на законот со кој би се овозможило ангажирање на војската за помош на полицијата и за чување на државната граница која се најде под притисок на приливот на илјадници бегалци од Хрватска, откако претходно Унгарија ја затвори зелената граница кон таа земја. Хрватската полиција повторно синоќа го затвори преминот Бапска, откако се исполниле капацитетите во прифатниот центар Опатовац.

„Ројтерс“ јавува дека се очекува во текот на денот словенечкиот парламент да го усвои амандманот.

– Овде не се работи за воведување вонредни услови, туку за зајакнување на контролата на границата – изјавил премиерот Миро Церар за националното „Радио Словенија“.

Како што јавуваат хрватските медиуми, словенечката полиција синоќа фрлила солзавец на бегалците на граничниот премин Трновец.

Телевизијата ХРТ наведува дека во близина на граничниот премин Трновец, синоќа околу 23 часот, пристигнала група од 1.800 луѓе кои по 20 часа минати на дожд почнале да влегуваат во Словенија.

Бегалците почнале да се туркаат со словенечката полиција која употребила и солзавец. Во тие моменти на местото имало и мали деца кои биле изложени на солзавците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top