Финските богови „Апокалиптика“ вторпат пред скопската публика докажаа дека класичната музика и метал музиката, споени во едно звучат величествено. И оние што не слушаат метал музика, не можат да останат рамнодушни на овие виолончелисти. На концертот на Кале беа изведени новите нумери од нивниот последен албум „Shadowmaker“, како и маестралните преработки на големите хитови на Металика, што беа вклучени во првиот албум на бендот „Plays Metallica by Four Cellos“.
Пред самиот крај на концертот Финците ја отсвиреа македонската химна. Три виолончела ја свират мелодијата, публиката пее, а во заднина на бим се вее македонско знаме. Секако за овој потег беа наградени со огромен аплауз. Пред да си заминат од сцена публиката почна да скандира дека сака уште од нив, па така музичарите отсвиреа уште две песни. Откако заминаа од сцената повторно се вратија на бис, на задоволство на сите присутни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)