| четврток, 6 декември 2018 |

Избраните помошници на Јанева не дојдоа да дадат свечена изјава

Седумтемина помошници на специјалната обвинителка Катица Јанева, кои беа избрани минатата недела, не дојдоа на денешната седница на Советот на јавни обвинители на која требаше да дадат свечена изјава со која формално треба да ја преземат должноста.

zkletva.jpg-500

Јанева во петокот ги повика да не дојдат на денешната седница бидејќи одлуката на Советот со која беа избрани само седум од 14 предложени кандидати, според неа е спротивна на Законот за Специјалното обвинителство.

– Денеска 15 минути по закажаниот термин за давање свечена изјава на седумтеина избрани обвинители на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, очигледно е дека тие нема да пристигнат и да дадат свечена изјава – изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.

Партиските работни групи во саботата постигнаа договор и потпишаа писмо со кое се бара од Советот да ги избере и другите седум помошници на Јанева, а Уставниот суд што поскоро да се изјасни за уставноста на законот.

Аневски во денешната изјава за медимите информира дека претпладнето во 10 часот и 30 минути од министерот за правда Аднан Јашари во Советот на јавни обвинители пристигнал допис и прилог кон дописот од четирите најголеми политички партии во кој се бара од Советот денеска да одржи седница и да ги избере останатите јавни обвинители на Специјалното јавно обвинителство.

– Во 11 часот писмото го доставив до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на нејзино постапување и таа да се обрати со допис до Советот и ние да постапиме по тој допис. Доколку во текот на денов или утре достави допис со одредени барања ние ќе ги разгледаме и ќе закажеме најитна седница на Советот – рече Петар Аневски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top