| четврток, 6 декември 2018 |

Мајк Грела го постигна најбрзиот гол во МЛС лигата (видео)

041715RedBulls09BK.JPG

Играчот од средниот ред на Њујорк Ред Булс Мајк Грела, синоќа на дуелот со Филаделфија Јунион го постигна најбрзиот гол во американската професинална фудбалска лига (МЛС).
Тој ја затресе мрежата на гостите во седмата секунда од мечот, а збунетоста по примениот гол гостите ги чинеше и втор гол по само четири минути игра. Конечниот резултат на крајот гласеше 4-1 за Њујорк кој на едно коло пред крајот на регуларниот дел го обезбеди првото место во источната конференција со шест бода предност пред Ди Си Јунајтед.
Досегашниот рекорд од осум секунди го држеше поранешниот фудбалер на Њујорк Ред Булс, Тим Кејхил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top