Кој има стил, го има во секоја пригода, затоа што стилот не прави пауза. Јелена Ѓоковиќ е вистински пример за тоа. Својот беспрекорен вкус за мода го покажа пред два дена во Монако.
Комплетниот впечаток е за чиста десетка. Оценките поединечно се: здолништето е одличен пример за елеганција и за романтика, блузата одличен контраст на раскошната чипка во долниот дел, обетките ги следат чевлите, а часовникот чантата.
Повод да се појави во Монако, била свеченоста „Африка он д рок гала“, организирана со поддршка на фондацијата „Монако“ на принцезата Шарлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.