Во периодот од 16 до 18 октомври на ул. „Кумровец“ во Скопје, непознат сторител со употреба на погоден алат и физичка сила извршил тешка кражбаво станот на Е.И.(68) од каде одзел куферче во кое имало 400.000 денари и лични документи.
Вчера во Тетово, пак, на ул. „Дреновец“- Порој непознат сторител преку незатворен прозор влегол во куќата на А.С.(38), каде извршил кражба одземајќи златен накит во вредност од околу 427.000 денари.
МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.