СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишен жител на гостиварското село Дебреште, кој во текот на мај извршил 12 кражби на подрачјето на Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од 40.900 денари и 2.600 евра.
Дваесет и тригодишниот Џ.И. со употреба на алат и сила влегувал во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, канцелариите на наплатните служби од јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони, од каде одземал пари и разновидни предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.