Го гледате човекот во очи и сфаќате дека од некаде ви е познат? Чувствувате внатрешен немир без посебна причина?
Ако верувате во реинкарнација, стари души во нови тела, тогаш продолжете да читате.
Преку овие 6 знаци лесно ќе откриете дали личноста ја знаете од минатиот живот:
1. Чувствувате моментална блискост
Прв пат се гледате, почнувате да зборувате и едноставно не можете да престанете. Темите доаѓаат една по друга, споделувате тајни и интимни моменти, што инаку не го правите.
2. Чувствувате моментална одбивност
Иако штотуку се запознавте, едноставно чувствувате дека не сакате да му дадете шанса на тој човек. Секоја необјаснета одбивност и негативност исто така е знак дека во минатиот живот некој би вил непријател.
3. Чувствувате немир
Баш секој пат кога сте покрај таа личност чувствувате некои пеперутки во стомакот, но не како оние љубовните.
4. Ги сакате истите работи
Делите исти страсти уште од прво запознавање, сакате иста храна, учите ист странски јазик или уживате во исти облици на релаксација. Може да се работи за човек со кој во минатото сте ги делеле овие среќни моменти.
5. Одлично се надополнувате
Функционирате совршено, без застои и проблеми. На пример, секое довршување на реченицата, колку и да ви изгледа морничаво, е знак дека сте поврзани некако од претходно.
6. Телепатска поврзаност
Луѓето кои порано биле интимни, без разлика дали како пријатели или љубовници, и во овој живот ќе делат одредена доза на телепатска поврзаност. На пример, колку пати ви се случило да помислите на некој и во истиот момент да ви заѕвони телефонот? Или пред да ви каже некој нешто, веќе го знаете секој збор кој ќе го изусти?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.