Некои луѓе веруваат дека начинот на кој ја стискате тупаницата може многу нешта за открие за личноста, додека пак другите се скептични околу тоа. Во секој случај, интересно е да се проучат деталите на ова набљудување на личноста. Хиромантијата тврди дека голем број тајни за животот на некоја личност се запишани на нејзините дланки.
Не морате детално да ја познавате хиромантијата и што секој линија на дланката значи за да дознаете нешто повеќе за нечија личност, доволно е да погледнете на кој начин некој ја стиска тупаницата, а тоа може често да се случи, кога таа личност е нервозна, кога и е студено, кога е возбудена.
Пробајте, едноставно е. Прво погледнете како вие ја стискаа тупаницата и што тоа зборува за вашата личност.
Тупаница број 1
Ваков тип тупаница открива љубезна и несебична личност. Треба да внимавате другите луѓе да не ја користат вашата добрина. Оваа личност е авантурист и сака да учи нови работи.
Тупаница Број 2
Ваков тип тупаница се поврзува со креативни личности. Вие не се плашите да ризикувате и ги следите своите страсти. Тоа ви дава можност за големи искуства. Вие сте родени како лидер и луѓето ве следат со насмевка. Овој тип личност се бори со себе кога се во прашање носење одлуки.
Тупаница број 3
Овој тип на тупаница открива личност со скриени таленти и некој кој сака да ја скрие својата волја, страст и разумот. На овие личности им е потребна поголема самодоверба за да им ги откријат своите таленти на другите, а понекогаш и на самите себе. Време е да ги пуштите своите внатрешни таленти и да му покажете на светот од што сте создадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.