| четврток, 6 декември 2018 |

Каква храброст, Скилачи го нападна Ибрахимовиќ со зборовите: Ти си ѓубре од човек (видео)

PSG vs Olympique Marseille

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Севилја, Монако, и Лион, кој сега настапува за Бастија во францускиот шампионат, Себастијан Скилачи, си поигра со судбината овој викенд.
По натпреварот меѓу неговата Бастија и ПСЖ, кој го добија гостите со 2-0 со головите на Златан Ибрахимовиќ, имаше што да му каже на најдобриот фудбалер на „светците“, Златан Ибрахимовиќ.
Триесет и петгодишниот фудбалер сакаше да го испровицира шведскиот ас, но овој толку ладно го одмина, како да не постои.

– Ти си гомно од човек, а не голем играч. Немаш почит кон никого, ти не знаеш што е живот – му се нафрли Французинот на Златан по излегувањето од терен.

Сите очекуваа реакација од Ибра, но тој презадоволен од победата и двата гола, мирно си замина во соблекувалната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top