Терористичката организација, „Исламска држава“ на луѓето им плаќа околу 10 илјади долари за човек, за да се борат во редовите на групата во Сирија и Ирак, пишува „Ал Ахрам“.
Елжбиета Карска, претседател на групата на ОН, која го истражува проблемот, изјави дека Исламска држава ги користи социјалните мрежи и врски „преку пријатели и роднини“ за да регрутираат борци кои се бореа за неа.
– Ако тој е добро образован, на пример компјутерски специјалист или лекар, тие плаќаат и повеќе – вели Карска.
Сите износи се во долари. Така, според сметката за храна на екстремистите само за еден месец се зголемила за околу 884. 000 долари, а 100. 000 долари биле дадени за прес-центарот на терористите.
Одржувањето на касата чини 318.000 долари, а за полицијата биле дадени 580.000 долари. Крајниот износ што го потрошиле исламистите во март е огромен.
Според податоците на медиумите, активата на „Исламска држава“ надминува два трилиони долари, а во тековната година нивниот приход ќе изнесува 2,9 милијарди долари.
Според зборовите на експертите, терористите продаваат не само нафта и гас, туку вртат и трговија со храна и луѓе, а исто собираат и даноци.
Некои медиуми објавија дека „Исламска држава“ во моментов контролира седум наоѓалишта на нафта во Сирија и во Ирак, чие производство надминува 60.000 барели дневно.
Извор: Бизнис вести
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведените борци на ИСИС, МВР ги превзела на скопскиот аеродром
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Ова се топ 5 професии во Македонија во кои се земаат највисоки плати
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”