| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија не прима веќе бегалци

Расте бројот на бегалци на српско-хрватската граница. Хрватска кон граничниот премин Грибини испрати околу 300 бегалци кои преку зелена граница влегле во Словенија. Словенија, пак, бегалците ги сместла во шатор на фудбалското игралиште во Раскрижје.

Утрово, словенската полиција почна „интензивна заштита“ на државната граница. Во близина на границата поставени се огради и голем број полицајци, за да го спречат преминот на емигранти кои синоќа со воз се стигнати од Опатовец, а за кои словенските власти наведуваат дека немаат капацитет за прием на толку голем број бегалци.

Словенската полиција потврди дека поради новонастанатата ситуација го затворила тој граничен премин. Во Словенија сите капацитетi за прием на бегалци се исполнети, а Австрија соопшти дека повеќе и таа нема да прима бегалци.

Со оглед на тоа што меѓу хрватските и словенските власти не е постигнат договор за пуштање на нови возови со емигранти во Словенија, одлучено е последниот воз утрово да се сопре во Хрватска, пред границата со Словенија. Емигрантите продолжиле да се движат по пругите кон Словенија, но словенската полиција ги дочекала со жичена ограда на границата и не ги пуштила да влезат во земјата.

Со интервенција на УНХЦР пропуштени се само 150 лица, со образложение дека тоа би значело раздвојување на семејството. А, 1.800 други бегалци, меѓу кои и голем број деца, и понатаму се оставени на дожд и на студено и чекаат влез во Словенија.
Има најава и за пристигнување на други возови на словенската граница, но словенските власти најавија дека нема да ги примат.

Според последните информции, од почетокот на бегалската криза во Хрватска влегле 197.000 емигранти. Во неделата, од полноќ до 21 часот дошле 4.218 емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top