| четврток, 6 декември 2018 |

Стевчо Јакимовски имал сообраќајка кај Крива Паланка

стевцоГрадоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски имал сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Бугарија, на влез во Крива Паланка, вчера околу 19.40 часот, јави „Вечер“.

До несреќата дошло откако комби марка „форд транзит” управувано од возач од Крива Паланка, кој бил во алкохолизирана состојба , не почитувајќи го правото на првенство, му го пресекло патот на Јакимовски, кој управувал возило „ренџ ровер” (производство 1996 година). Возачот на „фордот“ избегал од местото на несреќата, но по јавување на очевидци, полицијата од Крива Паланка на еден километар од настанот го фатила и го привела.

На учесниците во незгодата од страна на полиција, која вршела увид на местото на сообраќајката, им бил направен алкотест на кој, кај предизвикувачот се констатирани високи промили алкохол, додека кај Јакимовски наодот бил негативен, односно биле измерени 0 промили.

Инаку возачот на „форд транзит“ бил познат во Крива Паланка по возење во алкохолизирана состоба и во повеќе наврати му бил одземана возачката дозвола, бил казнуван од страна на полицијата, како и кривично гонет.

По завршениот увид градоначалникот Јакимовски го продолжил патот кон Скопје, а на неговото возило има незначителни оштетувања во предниот дел. Градоначалникот и неговиот сопатник минале без никакви телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top