Македонскиот шампион Вардар доживеа непријатен пораз во Лигата на шампионите во петтото коло на гостувањето кај Колдинг од 33-31.
Поразот дојде во незгоден момент кога Вардар како фаворит гостуваше во Данска против тимот кој досега бележеше само порази. Иако важеше за фаворит, црвенно-црниот состав неможеше да им се спротивстави на разиграните Данци.
Сепак мора да се забележи дека поразот дојде поради слабата одбрана која дозволи да се примат 33 гола, пред се од слабиот ден на замените на Арпад Штербик, Милиќ и Ангелов.
Штербик остана во Скопје поради проблеми со стомачен вирус, и се покажа дека тој е ударната игла во составот на Раул Гонзалес. Ангелов и Милиќ одбранија само четири удари кон нивниот гол, заедно.
Младиот ракометар на Колдинг, Ларс Андерсон постигна 10 гола, и секогаш кога ќе упатеше удар на голот на вардарци топката влегуваше во мрежата. Тоа им даде мотив повеќе на играчите на неговиот тим да заиграат поцврста одбрана во второто полувреме и да се израдуваат на првата победа во Лигата на шампионите.
Во македонскиот тим Хорхе Македа и Тимур Дибиров постигнаа по седум, а Игор Карачиќ четири. Шанса за рехабилитација вардарци ќе имаат следниот викенд, кога во Скопје ќе гостува добропознатиот противник, Кјелце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.