Металург денеска го игра петтиот натпревар во Лигата на шампионите на гостински терен против романскиот преставник Баја Маре. По минатонеделниот несреќен пораз на гостувањто кај Скјерн од 20-19, ова е нова можност да се освојат бодови на гости.
Тренерот на металурзите Лино Червар, предупредува и потенцира дека Баја Маре е одлична екипа која секогаш е фаворит на домашен терен и покрај тоа што ги следат проблеми околу финансиите во Романија.
– Без разлика на сите проблеми, низ кои минува романскиот шампион, финансиски и административни, се работи за сериозен противник, кој има одличен состав и кој секако е фаворит на нашиот неделен натпревар. Всушност, нашиот тим, кој е еден од најмладите и секако еден од најнеискусните во лигата, не е фаворит на ниту една средба, па ни на оваа. Тимот, во кој настапуваат Иванчик, Виловски, Карачиќ, Татаи и Остроушко, не може да биде слаб. Ние, пак, овој натпревар го играме по една напорна недела во која бевме постојано на пат и имавме многу малку време за одмор и за тренинг. Но, таков ни е ритамот, таков е календарот, и ние ќе се потрудиме да се претставиме во најдобро светло. Ќе се обидеме да настапиме со својот најсилен состав, иако повредата на Мраковчиќ не е целосно санирана. Во Романија ќе одржиме два тренинга и после тоа ќе видиме дали Лука ќе може да ни помогне на оваа значана средба. Не чека тежок натпревар во кој посакувам да одиграме на ниво на кое бевме на последните неколку средби, да одиграме дисциплинирано и со малку грешки, па ќе видиме каде ќе не одведе сето тоа – рече Лино Червар.
Натпреварот започнува во 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.