Ако до сега постоеше мислење дека Европјаните се потрадиционални за разлика од Американците, резултатите на едно интересно истражување докажува дека во реалноста работите се сосема поинакви.
Можеби изгледа чудно, но во врските Европјаните изневеруваат повеќе од Американците, односно 57 отсто наспроти 37 отсто. Од нив, 31 отсто Американци и 49 отсто Европјани го признале неверството. Паровите исто така користеле различни контрацептивни сретства за заштита од несакана бременост. Американците како заштита користат кондом, а партнерките на Европјаните пијат таблети.
Американците за разлика од Европјаните подобро ја знаат човечката анатомија и ја обожаваат кучешката секс поза, додека пак мажите од другата страна на светот предност и даваат на мисионерската поза и онаа каде што жените се одозгора. Во истражувањето спроведено на интернет страната DrEd.com учествувале илјадници мажи од цел свет, а интересен податок е дека покрај тоа што Американците се заљубени во своите лица, а Европјаните во стомакот и струкот, едно нешто имаат заедничко – машките испитаници се сложиле во тоа дека пенисот им е најдраг тел од телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.