Сите го сакаат “Јутјуб“ (Youtube) и секојдневно го користат, но многумина не знаат како да го користат побрзо и поедноставно.
Ова се скриени трикови за користење на било кое видео на Youtube.
Притисните K да го паузирате видеото
Притисните M да го исклучите звукот
F е за “фул скрин“
J е да го вратите видеото за 10 секунди назад
Притиснете ја стрелката за лево за да вратите 5 секунди
L е за да го премотате видеото за 10 секунди
Стрелката за десно, ќе го премота видеото за 5 секунди
За да го гледате видеото од почеток притисните нула.
Притиснете било кој број од 1 до 9 за да се префрлите на одреден дел од видеото. Било кое видео на сервисот може да биде поделено на 9 еднакви делови, така на пример ако притиснете број 5, ќе ве префрли на 5/9 дел од тоа видео
Направете брз GIF од било кое видео на Youtube. Во називот на URL видеото кое го гледате уфрлете го “гиф-от“ пред Youtube.com така да биде gifyoutube.com – и веднаш ќе бидете префрлени на страница каде можете да правите “гив-ови“. Можете да бирате кога “гиф-от“ ќе почне и кога ќе заврши, а и како можете да го споделите на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.