| четврток, 6 декември 2018 |

„Јутјуб“ избриша над 150.000 видеоснимки на деца

Јутјуб соопшти дека избришале повеќе од 150.000 видео-снимки на деца каде имало непристојни коментари, па дури и со педофилски карактер.

Поради такви коментари, повеќе познати компании што се рекламираат на Јутјуб одлучиле да ги повлечат своите реклами од тој сајт. Укинати се стотици налози, избришани повеќе од 150.000 снимки и блокирани коментари на 625.000 видеоснимки.

Јутјуб забрани и објавување реклами на „повеќе од два милиона видео-снимки и 50.000 канали што се поврзани со семејна содржина“, објави француската телевизија Ероп 1.

Заострени се прописите кога станува збор за поставување видео-снимки на кои се појавуваат деца. Ова е втопат ЈуТјуб да се соочува со полемика од овој тип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top