Екипата на Барселона иако без најдобриот фудбалер Меси кој отсуствува поради повреда, без поголеми проблеми го совлада тимот на Рајо Валјекано со високи 5-2 во новото коло од Примера дивизја по паузата за репрезентативни настапи. „Петардата“ во мрежата на гостите пукна благодарение на бразилскиот ас Нејмар кој беше стрелец на четири гола. Петиот гол беше дело на неговиот колега од нападот Луис Суарез.
Интересно е дека гостите први дојдоа во водство со голот на Хави Гуера, а потоа Нејмар двапати стрелаше од пенал до крајот на првото полувреме, за предност на каталонскиот тим од 2-1.
Во вториот дел, Нејмар за две минути постигна уште два гола, во 69.и во 70.минута, а потоа и Суарез ја погоди мрежата на Рајо.
Во самата завршница, гостите преку Хозебед постигнаа и втор гол за конечни 5-2.
Barcelona vs Rayo Vallecano 5-2 All Goals 17… by Pewdiepie2011
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



