| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар на полувреме во негатива од 3 гола, Ѓер игра цврста одбрана

Македонскиот шампион во ракомет во женска конкуренција ЖРК Вардар вечерва ги започна натпреварите во Лигата на шампионите на домашен терен против екипата на поранешниот европски шампион Ѓер.
По првите 30.минути гостинките ов Унгарија водат со 13-10. Вардар се мачи во нападот бидејќи постигна само 10 голови, додека одбраната која ја предводи голманката Амандин Лејно е на висина на задачата.
Тренерскиот тандем Кастратовиќ – Питлик се обиде со неколку измени да дојде до посакуваниот резултат, но во тоа не успеа и полувремето го финишира со почетната постава.
Маја Сокач иако не влезе во игра ги изведе сите пенали за Вардар и е најдобар стрелец со три гола. На голот е солидната Лејно со седум одбрани.
Кај гостинките најголема опасност доаѓа од пикерската позиција бидејќи Хајди Локе веќе нанижа пет голови.
Во вториот дел, вардарки мора да се обидат да ја забрзаат играта и да дојдат до лесна реализацијата преку брзите крила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top