| четврток, 6 декември 2018 |

Потплатувала ли Германија за да го добие светскиот куп во 2006?

Магазинот „Дер Шпигел“ тврди дека германски претставници користеле парични фондови за лобирање при добивање на организацијата на светското првенство во фудбал во 2006 година.

 Според весникот парите во форма на заем ги обезбедлил првиот човек на компанијата Адидас Роберт Луис Драјфус кој што на германскиот тим  му префрлил околу 6,5 милиони евра за да го помогне добивањето на светскиот куп.
При гласањето во ФИФА во 2000 година Германија за еден глас (12 :11) ја победи Јужна Африка а „Дер Шигел“ сега без да наведе извори тврди дека за оваа илегална операција знаеле и првиот човек на светското првенство во 2006 Франц Бекенбауер и неговиот потпретседател Волфганг Ниербах, сегашниот прв човек на германскиот фудбал. Германската фудбалска федерација ги отфрли наводите за кои вели дека се целосно неосновани и без ниеден факт. Федерацијата тврди никој во нивните редови не бил инволвиран во нелегални активности.

За наводите на весникот ќе истражува и светската фудбалска асоцијација која смета дека се работи за сериозни обвинувања. ФИФА овие наводи ќе ги разгледа во рамки на постоечката истрага во која беше утврдено дека постоеле случаи на корупција во рамки на кои одредени држави добивале организација на големи настани. Весникот тврди дека Луис Драјфус позајмените пари ги добил назад во 2005 година преку плаќање на ФИФА од фондот за кјултурна програма за време на светското првенство во Германија.
За обвинувањата се изјасни и министерот за вн атрешни работи на Германија Хајко Маас кој што вели дека „обвинувањата мора да бидат разјаснети бескомпромисно затоа што фудбалските навивачи заслужуваат да ја знаат вистината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top