| четврток, 6 декември 2018 |

Дамњановиќ: Посакувам со Вардар да ја освојам Лигата на шампионите

Едно од најголеми засилувања на ЖРК Вардар српската интернационалка Сања Дамњановиќ е подготвена да ја започне новата одисеја во својата кариера и посакува со победа да ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите.
Средниот бек посакува да и се оствари желбата и да се искачи на кровот на Европа нешто што и недостасува во кариерата.
ЖРК Вардар две години по ред игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но апетите се зголемија со доведувањето на Дамњановиќ во составот, која внесува сигурност во нападот.

damnjanovic 1

– Откако дојдов сите зборуваат за таа атмосфера која ја прават навивачите, имам гледано на телевизија кога играле мажите, но едвај чекам да присуствувам на таа атмосфера. Верувам дека атмосферата е неверојатна, знаеме дека мажите имаат подобра атмосфера, но јас би сакала тоа да се промени и Комити да доаѓаат во што поголем број на нашите натпревари – изјави Дамњановиќ за клупскиот сајт.

Неостварена желба и е да ја освои Лигата на шампионите, тоа што не и успеа со нејзиниот поранешен клуб Виборг.

– Со Виборг не успеав да ја освојам Лигата на шампионите и секако дека ми е сон и неостварена желба да го кренам пехарот. Ќе дадам сѐ од себе и ќе играм најдобро што можам за да помогнам на тимот, сите заедно да се радуваме и Вардар да биде прв во Европа – додаде српската интернационалка.

ЖРК Вардар денеска ќе го има своето деби во Лигата на шампионите во дербито против унгарскиот тим Ѓер на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. Натпреварот започнува во 20.15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top