| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива со цел да не дозволи СДСМ да избега од избори

Со цел да се извади на чистина СДСМ и по којзнае кој пат СДСМ да си го погазат јавно дадениот збор, ВМРО-ДПМНЕ предлага четирите политички партии да потпишат писмо со кое што ќе се апелира до Советот на јавни обвинители во најкус можен рок да закаже седница на која ќе се расправа за и ќе се поддржи предлогот на Специјалниот јавен обвинител за избор на јавни обвинители и да се обезбедат сите неопходни услови за специјалното обвинителство што е можно поскоро да функционира согласно дадените надлежности. ВМРО-ДПМНЕ го чувствува стравот од избори кој го има СДСМ, како и сите напори на СДСМ да го напушти процесот и да избега од изборите, затоа ВМРО-ДПМНЕ силно се залага за одржување на фер и демократски избори на 24 парил 2016 година на кои народот ќе ги казни антидржавните политики на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top