Возило со дипломатски регистарски таблички, сопственост на бугарското конзуларно претставништво во Битола, прегази пешак на улицата Партизанска. Несреќата се случила вчера попладне околу 18:40 часот во близина на болницата, кога од засега сеуште неутврдени причини, дипломатот со возилото марка фолксваген пасат, удрило во 80 – годишниот битолчанец. Стерецот со тешки телесни повреди бил префрлен во Клиничката болница. На одделението за неврохирургија биле констатирани повреди на главата и фрактура на подколеница. До денес, до 14 часот, пациентот се наоѓал во стабилна состојба и врз него не биле извршени хируршки зафати, велат од болницата.
На местото на несреќата излегол основен јавен обвинител, а од битолската полиција велат дека за случајот започната е истрага. Истражните органи засега не откриваат многу детали за сообраќајната незгода. Од полицијата и Основното јавно обвинителство потврдија дека патничкото возило што удри во пешакот било управувано од државјанин на Република Бугарија со дипломатски пасош, но и дека зад воланот не се наоѓал бугарскиот почесен конзул во Битола, Теодор Русинов.
Ова е втора сообраќајна несреќа во Битола изминативе четири години во која дипломат со службено возило, удира пешак на улицата Партизанска. Во декемри 2011 година, дипломат повреди 21 – годишно момче и го напушти местото на несреќата, за што од битолската полиција заработи две кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.