| четврток, 6 декември 2018 |

МВР предлага опремата за прислушување да се пресели од УБК

Министерството за внатрешни работи предлага да се измени Законот за следење на комуникациите согласно препораките во извештајот на Прибе. Директорот на управата за контраразузнавање (УБК) Љупчо Андоновски, пред собраниската Комисија за контрола на УБК и на Агенцијата за разузнавање, ги објасни измените кои ги подготвила работна група во МВР, објави „Вест“.

-Во предлог-законот дадени се две опции во однос на опремата за следење на комуникациите за целите на кривичната истрага. Првата опција е секоја од институциите кои имаат овластувања за следење на комуникациите, Јавното обвинителство, Царината, МВР и финансиската полиција да имаат нивна опрема. Втората опција е формирање посебен центар за следење на комуникациите, во кој претставниците од сите овластени органи ќе имаат пристап, а се препорачува да биде во рамки на Јавното обвинителство, додека опремата лоцирана во МВР, да се премести во Обвинителството. Се препорачува во рамки на УБК да постои опрема за следење на комуникации, која ќе се користи за потребите на безбедноста на одбраната и државата, рече Андоновски.
Според предлогот на работната група, реформите во УБК треба да се направат по примерот на Хрватска и на Бугарија за двојна заштита од злоупотреби.
Пратениците потенцираа дека реформите кои ќе се прават, не смеат да да бидат на штета на ефикасност и капацитетот на МВР, на УБК и на Агенцијата за разузнавање, како и на сите институции кои имаат надлежност во областа на безбедноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top