| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ја намали работната недела

Французите кои во 2000 година ја скратија работната недела од 40 на 35 работни часа, сега се борат за додатно скратување на 32 часа неделно.

Францускиот синдикат на Генералната конфедерација на труд (ГКР) тргнал во “сеопшт напад“ на 35-часовна работна недела во Франција.

„Пократко работно време ја подига продуктивноста и влијае на подобро управување со процесот на труд“ изјавил организаторот на ГКР синдикат Мухамед Оседик на конференцијата за новинари во Париз.

На тој начин според неговите зборови ќе се сочуваат постоечките и ќе се создадат нови работни места.

„Го поддржуваме намалувањето на работни часови во рамки на правото и на основата на преговорите на работниците и работодавачите. Таквото намалување треба да го прифатат работниците, наместо тоа едноставно да им се наметне“, наведува Оседик, пренесува весникот на Фигаро.

Француската влада, со социјалистичката партија на чело, веќе со години се бори да ја намали стапката на масовна невработеност.

Четириесетчасовна работна недела била „симбол“ на работа во текот на цела втора половина на 20 век, се додека Франција не одлучила да ја намали работната недела на 35 часа..

Во средината на првата декада од 21 век, Холандија стана прва земја која ја намали работната недела во некои случаи и под 30 часа.

Во Белгија и Холандија официјално работно време е 30 часа неделно, а Шведска наголемо работи на скратување на работното време на шест часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top