Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ќе играат во полуфиналното дерби на АТП турнирот во Шангај, а Рафаел Надал е фаворит против Жо Вилфрид Цонга за пласман во финалето во Кина.
Од големата четворка во завршницата го нема само Роџер Федерер, кој испадна во раната фаза од турнирот. Денеска трилингот асови Ѓоковиќ, Надал и Мареј победија во два сета, а Цонга прв стаса до полуфиналето со триумф од 2-1 против Кевин Андерсон.
Надал го декласира четвртиот носител Вавринка со 6-2,6-1, по него Ѓоковиќ го елиминира Бернард Томиќ со 7-6, 6-1, а лесно мина и Мареј во дуелот со Томаш Бердих и славеше со 6-1, 6-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.