Хакер, кој успеал да влезе во сервери на САД и да предаде информација за американски војници на Исламска држава, бил уапсен во Малезија, соопшти полицијата.
Осомничениот е 20-годишен странски студент од Косово, уапсен минатиот месец во Куала Лумпур. Тој ќе биде екстрадиран во САД, се вели во изјава на началникот на малезиската полиција генерал Халид абу Бакар.
Студентот пристигнал во Малезија во август минатата година за да изучува информатика, според друг полициски извор, кој побарал анонимност.
Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) дало информација на малезиските колеги за илегалната дејност на граѓанинот на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации