| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Катица Јанева е во координација со СДСМ?

– Ќе продолжам и натаму да работам и со половина тим, но и постојано ќе доставувам барања за да ми се дополни тимот – е изјавата која во јавноста ја даде специјалната обвинителка Катица Јанева, откако слушна дека Советот на јавни обвинители и одобри седум, наместо четиринаесет обвинители, како што бараше. Ваквото ветување таа во јавноста го даде пред два дена.

Денеска пак Јанева испрати „препорака“ до избраните седум обвинители да не дадат свечана изјава по повод нивниот избор.

– Им препорачувам да не ја прифатат поканата на Советот на јавните обвинители и да не дадат свечана изјава по повод нивниот избор – стои во соопштението до медиумите.

Пред два дена, истовремено додека Јанева ветуваше дека ќе работи со половина тим, СДСМ излезе од преговорите за исполнување на меѓупартискиот договор, со посочување дека ги напуштаат преговорите заради одлуката на Советот на јавни обвинители

Денеска, пак, во исто време кога беше лиферувано соопштението на Јанева, и СДСМ испрати соопштение дека нема да се вратат на маса се додека не бидат избрани сите предлози на Специјалната обвинителка.

И во двете соопштенија се наведува дека одлуката на Советот била спротивна со Законот, како што вели Јанева, односно дека станува збор за кршењето на Законот за специјалното јавно обвинителство, што пак стои во соопштението на СДСМ.

Ваквите истовремени настапи од Јанева и од СДСМ не оставаат место за сомнеж, кој што ги предизвикаа и претходните поклопувања на ставовите меѓу политичката партија и Специјалната јавна обвинителка, па дури и за временски периоди и конкретни датуми, дека не се работи за добра договорена координација меѓу нив.

Таа вели дека нема да работи ако не и е одобрен цел тим, СДСМ вели нема да се врати на преговори ако не е одобрен цел тим. Јанева се однесува како орган на СДСМ чии што ставови ги пренесува. Кој и прави притисок на избраната Специјална јавна обвинителка, со кого се координира, за да се добие таков впечаток дека е очигледна алатка на опозицијата, чија што цел е пак бегање од избори. Јанева, со ставови кои кореспондираат со партиските ставови од претседателството на СДСМ, всушност одработува за СДСМ да се одложат изборите и СДСМ да избега од народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top