| четврток, 6 декември 2018 |

Соборен авион што навлегол во турскиот воздушен простор

Турската армија соопшти дека денеска соборила неидентификувано летало, кое навлеголо три километри во турскиот воздушен простор преку границата со Сирија, откако претходно до него биле упатени три предупредувања, пишува весникот „Милиет“.

Во соопштението се посочува дека авионот бил соборен од турски авиони, кои патролираат по границата, во согласност со правилата за реакции на турските вооружени сили на трансгранични закани.

„Милиет“ додава дека соборениот авион е беспилотен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top