| четврток, 6 декември 2018 |

Затвореници ја тужат државата поради прегласната капија

Затворениците на австралискиот затвор Штајн ја тужат државата затоа што затворската капија им била прегласна. Една група затвореници, меѓу кои и оние кои направиле тешки кривични дела, тврди дека безбедносната порта на влезот во затворот им го скратува сонот и ги попречува во извршувањето на дневните активности.

jailprison

Државното Обвинителство нареди на „намалување на децибелите“ и затворските власти беа принудени да инсталираат пригушувач.

На затворениците им пречел звукот што се слушал при затворање на челичната врата на моторен погон.

Еден од затворениците ги поттикна другите на бунт и тоа успешно, а заедничката тужба на осудените криминалци наиде на позитивен одговор кај обвинителот Гертуда Бринек.

Затворските власти по одлуката на Обвинителството одлучија да инсталираат пригушувач и да ја намалат брзината на затворање на капијата за елиминирање на „неподносливиот “ звук на затворањето на вратата, а тоа чинело дополнителни 500 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top