| четврток, 6 декември 2018 |

Вратени затвореници од гласање, реагира Народниот правобранител

Затворениците денес имаат можност порано да гласаат во вториот круг од локалните избори, но има грижи кај Народниот правобранител дека не сите ќе може да го остварат своето право.

Од вкупно 1.810 осудени лица во најголемиот затвор Идризово, во Избирачкиот список запишани се само 955 затвореници. Од нив, на гласање во првиот круг на локалните избори на 15 октомври дошле 696, од кои дури 273 биле вратени, зашто немале важечки лични карти, алармира Народниот правобранител Иџет Мемети.

Овие лица се претворени во фантоми, затоа што Управата на затворот Идризово не води сметка да им ги обнови личните карти, реагира Омбудсманот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top