Без поголеми пропусти и точно на време започна вториот круг за избор на градоначалник на општина Тетово, јавува „Телма“. Претседателот на општинската изборна комисија Тетово Илјаз Халими изјави дека во населбата Сат мало, евидентирано е работење на изборен штаб на една политичка партија. Случајот е пријавен во полиција.
Халими очекува и во вториот круг од локалните избори голем број на гласачи да не можат да се најдат во избирачкиот список, проблем за кој државната изборна комисија во изминативе две недели ништо не презела, вели Халими.
Избирачките одбори се задоволни од одзивот на гласачите во утринските часови.
И граѓаните очекуваа мирни избори и подобар живот во наредните 4 години.
Во општина Тетово своето право на глас можат да го остварат 77 570 жители во 92 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.