Големо мнозинство Германци бараат организирање референдум за прашањата за прифаќање и сместување на бегалците во нивната земја, пренесе ТАСС повикувајќи се на резултатите од истражувањето ја јавното мнение на институтот „Емнид“.
Според резултатите од анкетата, 64 проценти од анкетираните се залагаат за тоа граѓаните да можат да гласаат на референдум за прашањата на миграциската политика на нивната земја. Против таквата можност се изјасниле 33 проценти од анкетираните.
Според 66 проценти од анкетираните Германци, кризата со бегалците може да го подели германското општество на два спротивни и непомирливи табори, додека 24 проценти од Германците сметаат дека до вакво нешто не може да дојде.
Германија очекува до крајот на годината во земјата да дојдат меѓу 800. 000 и 1,5 милион кандидати за азил, потсети ТАСС.
Земјата веќе има тешкотии со сместувањето на бегалците. За азилантите се приспособуваат индустриски згради, училишта и спортски центри и често тоа е причина за изразеното незадоволство кај локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.