| четврток, 6 декември 2018 |

Најгледаните видеа на „Јутјуб“

youtube-the-secret-ingredient-for-job-recruitment-infographic-501ecffedf-630x354

До пред четири месеци (јуни 2015 година) само две видеа на „Јутјуб“ се видени повеќе од една милијарда пати. За малку повеќе од 100 дена, границата, сепак, е премината од 8 нови видеа. Последната песна што ја поминува границата е посветена на ѕвездата од „Брзи и бесни“, Пол Вокер „See You Again“, изведена од Виз Калифа.

Вкупниот број видеа што се гледани повеќе од една милијарда пати, денес е 10. Еве и кои се на првите пет позиции.
1. Сај – Gangnam Style
Популарната песна беше првата која ја помина границата од 1 милијарда прегледи, кои ги постигна за само 160 дена. Денес спотот веќе поминал 2 милијарди прегледи, а точната бројка е 2,44 милијарди.

2. Џастин Бибер и Лудакрис – Baby
Песната ја држеше челната позиција цели две години, пред „Gangnam Style“ да ја стигне. Хитот во САД од 2010 година ја помина границата од 1 милијарда прегледи во 2014 година.

3. Кејти Пери и Џуси Џеј – Dark Horse
Пери е првата жена во светот што влегува во клубот. Денес таа има две песни во топ 5.

4. Кејти Пери – Roar
Вториот хит на Пери исто така има близу 1,1 милијарди прегледи.

5. Енрике Еглесијас – Bailando
Видеото е гледано 1.08 милијарди пати, а 1/3 од нив доаѓаат од Мексико, Колумбија и Аргентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top