| четврток, 6 декември 2018 |

Косово: Солзавецот од опозицијата е анархија; САД предупредува за внимателност

Parliamentarians disperse as a white cloКосовската влада остро го осуди денешниот инцидент во парламентот, кога повторно беше употребен солзавец од страна на опозицијата.

– Однесувањето на опозицијата е неодговорно и вон секој етички и морален кодекс и демократска практика. Тоа е  антизаконски и анархистички чин кој претставниците на политичкото малцинство го вршат врз институциите и народните избраници, употребувајќи боеви средства, со цел да го попречат нормалното функионирање на косовската држава -стои во реакцијата на косовската влада.

Претседателот на парламентот Кадри Весели свика седница на Претседателството на Парламентот по која пред новинарите искажа остра осуда на однесувањето на опозицијата.

-Познати ни се целите на опозицијата. Нејзините агументи се неосновани. Парламентот е место каде тие треба да го искажат нивното незадоволство и спротивставени мислења на демократски начин, а не со незаконски однесувања. Досегашното нивно однесување  ја загрозува таа можност и демократијата воопшто – изјави Весели.

Блокирањето на работата на косовскиот парламент од страна на опозицијата, со фрлање солзавец во собраниската сала, била причина американскиот амбасадор Грег Делави да се сретне со косовската претседателка Атифете Јахјага.

Американскиот дипломат апелирал до сите политички сили да ја вратат нормалната работа на Парламентот, за да се усвојат предлог-законите кои ќе им помогнат на граѓаните на Косово да ги реализираат нивните цели. Американската амбасада ги предупреди своите граѓани да не се движат по плоштадот „Мајка Тереза“ поради можност од евентуални протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top