| четврток, 6 декември 2018 |

Вистински исповеди: За што размислува младоженецот додека чекори кон олтар

Ако досега веќе сте се нашле пред олтар, сигурно знаете дека тогаш е тешко да ги фатите сопствените мисли. Овие мажи  споделија со сите за што точно размислувале во тој момент

brak-mladenci-svadba-1331293304-129762

Венчавката би требало да биде најубавиот и најромантичниот момент во животот на сите оние кои се решиле да „стапнат на лудиот камен“. За многумина од нив и навистина е така, но и има и такви кои во тие мигови се чувствуваат како во стапица и не се сосема сигурни во својата одлука.

Ograda-mlada-i-mladozenja

На социјалната мрежа „Реддит“ мажите откриле што навистина им поминувало низ главите додека ја гледале нивната идна сопруга.

И додека едните биле воодушевени од убавината на својата сопруга, другите пак се премислувале во својата одлука. Еве што откриле за тоа што во тој момент им поминувала низ глава.

-Добро е сепак дојде..

-Немаш поим колкава е грешката да се омажиш за мене

-Ок, ова веќе не е шега…Сега е готово…

download

-Еве ја, доаѓа мојата избраничка. Како е можно токму мене да ме одбрала?

-Значи , тоа е тоа..Таа прекрасна жена е навистина моја. Чекај, се сопна. Неее, немој сега да се смееш! Во бестрага, се смеам…

-Морам да внимавам правилно да ги изговорам заветите, во спротивно ќе има проблеми уште од прв ден…

-Зошто сите гледаат во мене: Погледнете ја таа жена која цел ден го поминала во средување. Јас само бев под туш , измив заби и се избричив. Гледајте ја не!

vencanja-vencanje-brak-svadba-burma-ilustracija-1357256198-248645

-Немој сега како мало бебе да се расплачеш…Прекрасна е…Немој да плачеш..

-Само гледај нешто да не згрешиш…

-Колку шминка има, леле каква и е таа фризура…Никогаш не сум ја видел ваква. Толку е убава…И тоа е мојата жена. Да, моја е…

-Зошто таа не плаче , а мене солзите ќе ми излетаат?

-Оф, ова и не беше толку добра идеја…Не, не  беше во никој случај добра идеја…

-Толку беше, од сега таа е шеф на мојот живот…

-Леле што направи јас…

-Добро е што на секоја следна свадба некој друг ќе го зјапаат сите, а јас ќе му фаќам сеир

Ljubav001

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top