Затворениот пливачки базен, чиј камен-темелник деновиве ќе се постави во Охрид, ќе има два базени, фитнес клуб, продавница за спортска опрема, комерцијален простор, кафетерија, велнес центар, па дури и магацински простор. Објектот ќе се гради по стандарди и технологија за градење базенски корита, која досега не е применета на ниеден ваков објект во Македонија, а ќе биде и енергетски ефикасен со инсталирана соларна опрема, како и геотермални пумпи, кои ќе го направат неговото користење во зима многу поевтино.
Проектот за затворениот базен во Охрид, кој го изработи Васил Велков, на Охрид му носи најмодерно здание од ваков вид во Македонија, не само во архитектонска смисла, туку и во технолошки поглед, градот добива објект со два затворени базени, кои ќе се градени по технолошки стандарди кои до сега не се применети во Македонија.
Главното базенско корито ќе биде со димензии од 25 метри, со 33 метри и стандардна длабочина од 2 метри. Малото базенско корито ќе биде со димензии од 12,5 метри должина и 6,25 метри во ширина. Длабочината ќе варира од 0,8 метри до 1,40 метри.
Објектот на затворениот пливачки базен ќе биде со приближен габарит од 50 метри на 60 метри и ќе зазема површина од околу 30.000 квадратни метри.
Во објектот ќе има трибини со капацитет поголем од 500 седишта, посебен простор за новинари, фоторепортери и камермани, како и ВИП-ложа, која ќе биде отворена и со можност за затворање во случај кога ќе треба да се користи, доколку во објектот престојуваат ВИП-гости на спортски натпревари.
Како придружни содржини на објектот се: фитнес центар, продавница за спортска опрема и дург комерцијален простор, велнес и спа центар ( џакузи, сауна, простор за масажа ) , административен простор.
Објектот ќе биде енергетски ефикасен и прв ваков објект во кој базенските корита ќе се градат по стандарди кои до сега не се применети на вакви објекти во Македонија. Ќе се користат обновливи извори на енергија, со сончеви колектори и геотермални пумпи за загревање.
Вредноста на објектот е 298 милиони денари и рокот на изведба е 30 месеци од воведот во работа.
Деновиве се очекува во Охрид премиеорт Никола Груевски и градоначалникот Никола Бакрачески да го означат стартот на работите со поставување на камен-темелник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.