| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Одѕивот на гласачи до 10 часот изнесува 7,56 проценти

До 10 часот правото на глас во 29 –те општини и Град Скопје каде што се одржува вториот круг локални избори, како и на трите избирачки места во Струмица и едно во Долнени, каде што се прегласува, одѕивот на гласачи изнесува 7,56 проценти, соопшти Државната изборна комисија.

Во Скопје гласале 7,14 проценти.

Најголем одѕив има на трите места каде што се прегласува првиот круг во Струмица. Таму излегле 14,47 проценти од гласачите. Поголем одѕив е регистриран и во Лозово каде гласале 14,32 проценти и во Дебарца со одѕив од 14,13 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top