Германското Министерство за финансии ги повика германските медиуми да ги предадат информациите за потенцијалните даночни затајувачи, откако беше откриено дека голем број од Германците кријат имот во даночните оази.
Според магазинот Фокус околу 100.000 луѓе во Германија ги користат даночените оази преку кои се извршени над 260 милиони финансиски трансакции. Медиумите одбија да ги предадат информациите.
Министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека Берлин има намера да ја зголеми меѓународната соработка во борбата против даночната евазија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


