| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Нема „странски или домашни инвеститори“– нас ни требаат и едните и другите

stavre

-Нема дилема „странски или домашни инвеститори“ – нас ни требаат и едните и другите. Ние требаат добри инвеститори, кои ќе работат според законите и кои ќе отвараат нови работни места – истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интeрвју за Сител телевизија.

-Во зоните денес работат околу 14.600 лица. Сите тие лице имаат семејства, деца. Со платата што ја земаат во фабриките ги издржуваат нивните семејства и имаат перспектива. Без тие фабрики луѓето ќе немаат перспектива и уште поизразен ќе беше проблемот на сиромаштија и невработеност – истакна Ставрески.

Ставрески рече дека опозицијата постојано ја критикувала Владата прво зошто нема компании во технолошко индустриските зони, а потоа откако почнале да се градат фабрики во технолошко индустриските зони – зошто се прават развојните зони.

– Сега опозицијата виде дека има многу фабрики и темата е „зошто се оди на роуд шоу“, зошто се трошат пари, зошто се прават технолошко развојни зони. Зоните се потребни бидејќи со нив се решава проблемот на невработеноста во Македонија и се зголемува извозот – рече Ставрески.

Како што истакна вицепремиерот Владата работи и мора да работи со сите можни инструменти да се донесат нови инвеститори и во секој град во Република Македонија да се отворат нови фабрики.

– Кога во Прилеп ќе дојдат Гентерм и ќе отворат 1.500 нови работни места, или во Кавадарци Дрекслемаер со 5.700 работни места, или во Штип Џонсон Контролс – сите тие отвраат работни места каде младите луѓе можат да најдат работа. Затоа ја повикувам опозицијата да се увери дека впечатокот на Македонија овие години е многу подобрен, бидејќи странските компании кои работат во Македонија и оние кои од надвор ја набљудуваат, го кажуваат тоа. Не е прашањето дали Владата смета така, туку самите инвеститори кажуваат дека Македонија е неспоредливо подобра земја за инвестиции денес во однос на тоа што беше пред 10 години – нагласи Ставрески.

Ставрески посочи дека Владата и покрај сите предизвици успеала да ја намали невработеноста.- Креирани се 133.000 нови работни места од кои само преку проектот „Македонија вработува“ кој се применува од април годинава се создадени 7.190 работни места или преку 300 работни места неделно – истакна министерот за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top