Инвеститори од Турција се заинтересирани за градење нови и осовременување на постоечки хотели во охридскострушкиот регион.
Како што информира денеска претседателот на Туристичко угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Аркан Керим, некои од нив веќе ја посетиле Македонија, а други најавиле доаѓање идниот месец.
-Минатата недела турски инвеститори посетија пет хотели во Охридско и со три веќе имаат писмо на намери. Се надеваме дека другата недела повторно ќе дојдат за поофицијални информации. Имаме најава дека следниот месец ќе дојдат и други инвеститори заинтерсирани за градење нови или реновирање на некои од постоечките- рече Керим на пресконференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.