Во пресрет на неделниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Колдинг и Вардар, директорот на данскиот клуб Јенс Боесен со комплименти го опишува нивниот следен противник кој ќе го нагостат во престојното коло.
Тој потенцира дека Вардар прераснал во клуб од самата европска елита и не случајно оствариле четири победи во првите четири кола.
– Кога играте против најдобрите екипи како Барселона, Кил, Веспрем не знаете од каде доаѓа најголемата опасност и од кого треба да се чувате. Мој личен став е дека Вардар игра на исто ниво, и кога играте против нив како да играте против Кил или Веспрем. Македонците се еден од петте најдобри клубови во Европа во моментов – вели Боесен.
Главната алка во тимот е тренерот Раул Гонзалес кој добро знае да ја прочита играта на противникот заедно со богатиот „ростер“ на „црвено-црните“.
– Раул е одличен млад тренер кој во комбинација со шпанската ракометна култура и македонската агресивност носи резултати. Раул Гонзалез е извонреден талентиран тренер, што го следеа и останатите големи клубови, но Вардар успеа да го убеди. Штербик е извонреден голман што е предност за Вардар на секој натпревар и дава сигурност во одбраната, а Душебајев е толку млад, а толку опасен. Неверојатно е колку силен тим е македонскиот првак и знам дека чувството в недела ќе биде како да играме против Кил“ – истакнува првиот оперативец на Колдинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



