Децата мигранти без родители ги чуваат во затвор на грчкиот остров Кос заедно со возрасните затвореници, а условите за живот во затворите се нехумани.
Децата на возраст до 11 години што пристигнале со брод од Турција без родители или други возрасни роднини со недели биле чувани во затворски ќелии заедно со возрасни затвореници, додека грчките власти да донесат одлука каде да ги релоцираат, пишува британскиот весник „Индепендент“.
Властите во Грција велат дека се обврзани да ги чуваат децата безбедни како малолетници, но волонтерите од невладините организации што ги посетуваат затворениците во централната полициска станица во Кос секој ден, велат дека се шокирани од средновековните услови во објектот.
На децата, како што пишува британскиот весник, дневно им се дава по еден оброк заедно со свежо овошје што го добиваат од добротворните организации и агенции, а имало случаи кога децата што се во затворски притвор и по два дена останувале без храна. Ним не им е дозволено да одат надвор, а кога ги пренесуваат од едно место на друго, тогаш дечињата носат лисици на рацете, велат сведоци.
-Во ќелиите висат голи електрични жици. На подот има измет насекаде, а за да добијат храна, мора да пружат раце низ решетката на ќелијата. Ова не е нормално во Европа, вели еден волонтер за „Индепендент“ кој побарал да остане анонимен.
УНХЦР реагираше до грчката влада и до локалните власти за лошите услови. По интервенцијата на организацијата на ОН и спогодбата со јавниот обвинител во Кос, децата мигранти без родители ќе бидат згрижувани од страна на невладините организации што треба да имаат сопствено прифатилиште за деца со поддршка од ОН.
Во моментов во двете полициски станици во Кос има 11 дечиња на возраст од 12 до 17 години.
Според Конвенцијата на ОН за правата на детето, децата мора да добиваат посебна заштита и помош ако се бегалци и не треба да бидат сместувани во затвори заедно со возрасни лица. Додека земјите членки на ЕУ ги составуваат насоките за заштита на малолетниците без придружба, секоја земја има своја специфична легислатива по повод ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија