Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го повика светот да го отфрли „идолопоклонството на парите“ истакнувајќи дека човековата алчност го води општеството во пропаст.
Во интервју за „Пари мач“, папата рече дека сегашниот светски економски систем е неодржлив.
– Капитализмот и профитот не се ѓаволски доколку не им се поклонуваме – рече папата.
– Во секој случај, доколку парите и профитот по секоја цена станаа идоли што ги обожаваме и доколку алчноста е основа на нашиот општествен и економски систем, тогаш нашето општество оди во пропаст – рече папата.
Човештвото мора да се откаже од обожување на парите и место тоа во центар да ја стави личноста, општото добро и идните генерации што ќе ја населат Земјата по нас, рече папата и додаде дека претстојниот самит за климатските промени во декември во Париз може да помогне во тој правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран



