Српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави, по новите услови наметнати со германскиот амандман за преговарачката платформа за поглавјето 35 во преговорите со ЕУ, дека „попрво ќе замине од владата, отколку да го расипе пријателството со Германија“, јави Танјуг.
Вучиќ рече и дека нема да се откаже од европскиот пат, но и оти нема да дозволи да ја уценуваат Србија.
Извор на „Курир“ од бриселски дипломатски извори, меѓутоа, вели дека Србија има шанси да се избори за подобри преговарачки услови.
– ЕК за нацртот на поглавјето 35 ќе расправа до декември. Белград може да лобира и да ги искористи земјите кои не го признаа Косово дека предложи други амандмани кои би оделе во корист на државата – вели изворот.
Германија не бара од Србија да ја признае независноста на Косово, како услов за отворање на преговарачките поглавја со ЕУ, изјави вчера германскиот амбасадор во Белград Аксел Дитман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста