Трите избирачки места, на кои денеска се прегласува во Струмица, се отворени точно навреме и гласањето почна со несмален интензитет, но и провокации и тензична атмосфера, објави Локално.
Според истиот извор, на неколку место во градот се слушнале и истрели од пиштол. Наводно се пукало во воздух од возило од марка „БМВ“ во близина на избирачките места.
Лица со истото возило се движеле низ градот и пукале во воздух, за што е веќе пријавено во полицијата.
На едно од гласачките места ненамерно била скршена и една гласачка кутија за што увид направиле ОИК и полицијата.
Кршачот на кутијата бил уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.