| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово голем интерес за проектот „Купи куќа, купи стан“

Голем број граѓани вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, присуствуваа на презентацијата на проектот „Купи куќа, купи стан“, кој го спроведува Министерството за финансии.

Преку овој проект сите граѓани кои се државјани на Република Македонија, брачни парови кои месечно имаат не повеќе од 1.300 евра приходи, немаат подигнато станбен кредит и немаат сопствен дом можат да аплицираат за добивање на субвенции за стан или изградба на куќа. Има два модела на субвенционирање и тоа 50 отсто од рата или 50 отсто учество за купување на стан или 75 отсто за изградба или доградба на куќа.

– Нема ограничување, сите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат субвенционирани. Не постои никаква дискриминација. максималниот износ на кредит кој може да се побара е 50.000 евра. Сите износи над 50.000 евра подлежат на субвенционирање, меѓутоа субвенцијата е иста како за кредит од 50.000 евра, изјави Кирил Симеоновски од Министерството за финансии.

Станот, кој е купен преку проектот не смее да се продава или да се издава под кирија, а рокот на отплата на кредитот е 20 години.

– Станот не може да се оттуѓува или да биде предмет на подарок, додаде Симеоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top